CV - Иван Иванов


Ученик по Компјутерска техника и автоматика | СОУ „Гошо Викентиев“- Кочани


„Јас сум Иван Иванов, ученик во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Мојот главен фокус е насочен кон програмирањето, практичната примена на електроника и автоматизација. За време на моето образование, активно работам на практични проекти со микроконтролери (Arduino/Raspberry Pi)

Профилна слика

Вештини

Програмски јазици:

Јазици:

Хардвер:


Проекти

Проект 1: Овој проект претставува практично хардверско-софтверско решение кое служи за автоматско препознавање, декодирање и преведување на звучни сигнали (Морзеова азбука) во читлив текст.
Системот функционира преку дигитален микрофон модул кој ги впишува звучните фреквенции и ги проследува до микроконтролерот (Arduino). Преку кодот кој е напишан во C++, програмата ги анализира времетраењата на импулсите (кратките и долгите сигнали – точки и цртички), ги препознава соодветните карактери според меѓународниот стандард и генерира целосни зборови.
Конечниот резултат се испраќа и се прикажува на 16x2 LCD дисплеј, овозможувајќи му на корисникот веднаш да го види преведениот текст на екранот. Изработено со: Тео Илиевски.

Види го целиот код на Gist
Ардино Проект Морсов код

Проект 2: Овој проект претставува автоматски робот-кола која служи за паметно препознавање на отпад и избегнување пречки во реално време.
Системот функционира преку хардверски сет со Raspberry Pi и камера, која преку алгоритми со вештачка интелигенција (YOLO machine learning) ги скенира и препознава различните видови отпад. Количката користи серво мотори на предните тркала за прецизно управување со насоката на движење, додека програмата напишана во Python овозможува автоматско избегнување пречки (obstacle avoidance) и испраќање СМС известувања.
Конечниот резултат е паметно движење и мониторинг на просторот со целосна автоматизација. Изработено во група со: Иван Иванов, Тео Илиевски, Матеј Стоименов, Андреј Ристевски, Илија Димов.


Каде можете да ме најдете:

GitHub
github-icon
E-Mail
Gmail-icon